
Неготинка пријавила во полиција дека била физички нападната од скопјанец со кого била во врска, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера попладне во 16:30 часот, во Полициската станица – Неготино, 32-годишна неготинчанка, пријавила дека, во нејзиниот дом пред два дена била физички нападната од Б.Д. од Скопје, со кого била во интимна врска. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Синоќа во 19:50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР, привеле 44 – годишник од градот, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени задачи. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.
– Синоќа во 21:45 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР – Неготино, лишија од слобода 46 – годишник од селото, по претходна пријава од 40-годишна мајка, дека физички го нападнал нејзиниот малолетен син. Пријавениот бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР – Велес.
Оттаму соопштија дека рано утрово во 2:10 часот, во село Војшанци, неготинско, полициски службеници од ОВР – Неготино, привеле 21 – годишник од Неготино, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени задачи. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе била поднесена соодветна