Skip to main content
Македонија

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

02/08/2025  13:12

По повод големиот државен и национален празник 2ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје – Каја Шукова, заедно со Маја Мојсова Мијовска – кандидатка за градоначалничка на Карпош и Оливера Ливриниќ од општинската организација Бутел оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев,  пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Скопје.

Во изјава за медиумите Шукова го честиташе големиот празник Илинден на сите граѓани и на жителите на Скопје и повика на заедништво за градење нова иднина, за Скопје и Македонија да се движат напред.