Skip to main content
Скопје

Голем пожар синоќа во Лисиче, зафатени биле и куќи

02/08/2025  08:19

Голем пожар доцна синоќа ја зафатил скопската населба Лисиче, објави Инфомакс додавајќи дека се запалила една од бараките, а потоа пожарот се проширил и на соседните градби.

Во пожарот, неофицијално има и повредени лица, од кои едно од нив потешко.

Повеќе информации за причините и штетите од огнената стихија очекуваме од надлежните во текот на денешниот ден.