Skip to main content
Свет

Италија ќе почне со воздушна испорака на помош за Газа

01/08/2025  20:25

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска објави дека Италија ќе започне од 9 август со воздушни испораки на помош за населението во Газа, кое страда од последиците од повеќемесечниот конфликт.

„Дадов одобрение за мисија во која ќе бидат вклучени ресурси на Армијата и Воздухопловните сили за транспорт и воздушно испорачување на основни залихи за цивилите во Газа, кои се сериозно погодени од тековниот конфликт“, рече тој.

Како што нагласи, операцијата треба да започне во наредните часови со испраќање тим што ќе се занимава со подготвителни активности и координација со локалните власти.