Skip to main content
Балкан

Уапсен поранешен српски министер – наводно спремал државен удар против Вучиќ

01/08/2025  16:53

Уапсен е поранешниот министер за внатрешна и надворешна трговија и за градежништво Томислав Момировиќ, објави Србија данас.

Во тек е масовен обид за државен удар кој, според српскиот портал Новости, „се спроведува по налог на Европејците, а го предводат специјалниот обвинител на Јавното обвинителство за организиран криминал Младен Ненадиќ, јавната обвинителка Јасмина Ганиќ, како и делови од полицијата од Управата за криминалистичка полиција (УКП) и Службата за борба против организиран криминал (СБПОК).

Во рамките на овој обид за удар, утрово бил уапсен поранешниот министер Томислав Момировиќ.

Повторно е издаден налог за апсење на поранешниот министер Горан Весиќ, иако веќе е обвинет.

Главниот уредник на провладиниот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, изјави дека „со апсењето на Момировиќ започна обвинителски државен удар“, дека „повторно е издаден налог за апсење на поранешниот министер Горан Весиќ, иако тој е обвинет“ и дека „целата оваа акција ја води Обвинителството за организиран криминал“.

Медиумите претходно јавија дека Горан Весиќ, поранешен министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, вчера итно бил примен во хируршка болница поради силни болки во стомакот, покачена температура, повраќање, малаксаност и дехидратација, и дека рано утрово бил опериран поради влошување на здравствената состојба.