Skip to main content
Балкан

Албанија и Грција се тресеа утринава од серија земјотреси

11/11/2024  09:33

Утринава во шест часот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја потресе Албанија, со епицентар на длабочина од 94 километри северно од градот Саранда и блиску до грчкиот остров Крф. По првиот потрес следеа уште неколку помали со магнитуди од 2,1, 2,5, 3 и 2,7 степени.

Земјотрес со помал интензитет е регистриран и утрово во Грција, информираат сеизмолошките служби.