Skip to main content
Магазин

Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија

26/07/2025  14:55

Обожавателите со редици чекаа пред првата продавница за куклите „Лабубу“ во Германија, т.е. во Берлин, неколку часа пред отворањето. 

Брендот „Лабубу“, основан од кинеската трговска компанија „Поп март“, стана светска сензација. Стотици луѓе чекаа во германската престолнина, на дожд со чадори и столчиња за кампување, сакајќи да дојдат до својата плишана играчки во облик на суштество со големи очи и остри заби. Имаше и луѓе од целата земја. 

„Поп март“, основан во 2010 година, соопшти дека планира да отвори вкупно три продавници во Берлин.

Популарноста на „страшните“ плишани  е поттикната и од социјалните мрежи како „Тик-ток“ и „Инстаграм“, т.е. луѓето кои се снимаат себеси како ги отпакуваат играчките. Куклите „Лабубу“ се продаваат во пакувања што кријат која специфична фигура е внатре. Купувачите ја знаат општата серија или тема, но не и точниот лик што го добиваат.