Skip to main content
Балкан

Двајца повредени во експлозија во Солун

26/07/2025  10:33

Експлозија се случила во раните утрински часови на влезот од станбена зграда во солунската населба Сикиес, објави весникот „Катимерини“.

Експлозијата е предизвикана од механизам активиран од непознати лица, а евидентирана е материјална штета како во зградата каде што се случила детонацијата, така и во околните згради и паркираните возила.

Двајца млади лица се здобиле со полесни повреди, најверојатно од скршено стакло, и се пренесени во болницата „Хипократ“ во Солун.