Skip to main content
Хроника

Полицијата трага по 76-годишен маж од Свети Николе, кој престојувал кај ќерка му во Велес

25/07/2025  19:46

Во СВР Велес денеска на пладне 52-годишната Б.П. од Велес пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко 76-годишниот Б.М. од Свети Николе, кој привремено престојувал во нејзиниот дом и кој имал здравствени проблеми.

Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информира дека полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.