Skip to main content
Скопје

Повторно пожар кај Визбегово

23/07/2025  12:29

Уште едно загадување го вознемири населението во скопската населба Визбегово, каде денеска повторно изби пожар. Според првични информации, гори дива депонија во близина на индустриската зона, објави 4news.mk

Како што може да се забележи и од јавната камера на ЈСП на Водно, над тој дел од градот се издигнува густ чад, кој се шири кон урбаните делови на Скопје.

Жителите, веќе навикнати на вакви сцени, повторно реагираат со гнев и загриженост. Бараат итна интервенција од надлежните служби, но и трајно решение за честите пожари и загадување во овој дел од градот.