Трет ден ја нема Лидија Трајковска од скопско Јурумлери, а според зборовите на семејството, трагата и се губи во Лисиче кога оди кон Вардар, информација која ја добиваат по преглед на камерите. Велат никогаш не се качила во автобус, тргнала пешки.
Братот на Лидија, Александар Јосиќ во разговор со 24Инфо истакна дека не е задоволен од ресурсите кои ги вложува македонско МВР, молат за поголема ангажираност околу случајот и велат веќе помош побарале од српско МВР, а ќе продолжат да бараат помош и од сите останати соседни земји. Тие бараат во потрагата да се вклучи и куче трагач, но како што им било кажано во моментов има само едно куче кое не е во можност да се вклучи во потрагата.
Денес имале уште една дојава дека Лидија е видена околу Соборниот храм во центарот на градот, но како што велат тие самите го пребарале веднаш теренот и не е пронајдена никаква трага.
Како што дознаваме, за случајот со барање пари од страна на семејството за да добијат информација, велат веќе полицијата открила за кого се работи по вештачење на телефонот и откриваат дека се работи за човек со криминално досие, затвореник за убиство меѓу останатите кривични дела.
Јосиќ бара помош од сите граѓани кои би можеле да знаат нешто околу исчезнувањето на неговата сестра Лидија, и замолува секоја информација да ја пријават кај него (078/431-680) и во полиција.