Skip to main content
Свет

Предупредување за цунами издадено по два силни земјотреси крај источниот брег на Камчатка

20/07/2025  11:51

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за цунами за полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток откако два силни земјотреси, од кои поголемиот со јачина од 7,4 степени, го погодија блискиот Тихи Океан рано утрово.

Посилниот земјотрес бил на длабочина од 20 км, а неговиот епицентар бил 144 км источно од рускиот град Петропавловск-Камчатски, кој има население од околу 180.000 жители.

Неколку минути претходно, прв земјотрес со јачина од 6,7 степени беше регистриран во близина на источниот брег на Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на длабочина од околу 10 км.

Засега нема извештаи за жртви или штети.