Skip to main content
Македонија

Земјотрес почувствуван во Скопје и околината

16/07/2025  23:59

Вечерва во 22:43 часот е регистриран земјотрес со епицентар на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од Скопје.

Според информациите од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML2.6 и бил почувствуван во главниот град и околните места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, која ја одржува мрежата на сеизмолошки станици, ги повикува граѓаните кои го почувствувале земјотресот да пополнат прашалник за почувствуваност на следниот линк: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/osetenost или да се јават на бројот 112.