Наградите Греми се еден од најгледаните музички настани, а денеска беа објавени номинациите за сите категории.
Пејачката Бијонсе доминираше на листата на кандидати за наградата Греми со 11 номинации, вклучувајќи ја и номинацијата за албум на годината за нејзиниот потфат во кантри музиката, „Cowboy Carter“. Бијонсе сега има 99 номинации во кариерата, што ја прави најноминираната жена уметник во историјата на Греми.
Ако ја добие наградата за албум на годината, таа ќе стане првата Афроамериканка во 21 век што го сторила тоа, придружувајќи им се на музичките легенди Лорин Хил, Витни Хјустон и Натали Кол.
Зад Бијонсе, Били Ајлиш, Чарли XCX, Кендрик Ламар и Пост Мелоун се изедначија со по седум номинации. Тејлор Свифт, како и дебитанките Сабрина Карпентер и Чапел Роан имаат по шест номинации.
За најдобар нов изведувач, номинирани се Бенсон Бан, Сабрина Карпентер, Доечи, Хруангбин, Реј, Чапел Роан, Шабузи и Теди Свимс.
„Cowboy Carter“, „F-1“, „Deeper Well“, „Higher“ и „Whirlwind“ се номинирани за најдобар кантри албум.
За песна на годината, номинирани се Бијонсе “Texas Hold ‘Em”, Били Ајлиш “Birds of a Feather”, Чапел Роан “Good Luck, Babe!”, Кендрик Ламар “Not Like Us”, Лејди Гага и Бруно Марс “Die With a Smile“, „Please Please Please, Shaboozey – A Bar Song (Tipsy)“ на Сабрина Карпентер и „Fortnight“ на Тејлор Свифт.
За најдобра кантри соло изведба се номинирани Бијонсе „16 Carriages“, Крис Стејплтон „It Takes a Woman“, Џели Рол „I Am Not Okay“, Кејси Масгрејвс „The Architect“, Шабузи „A Bar Song (Tipsy)“.
Филмовите „Американска фикција“, „Предизвикувачи“, „Виолетова боја“, „Дина: Втор дел и Шогун“ се номинирани за најдобра музика за визуелни медиуми (вклучувајќи филм и телевизија).
Доделувањето на Греми наградите за 2025 година ќе се одржи на 2 февруари во Лос Анџелес.
Целата листа на номинирани погледнете ја ТУКА.