Skip to main content
Балкан

Две лица тешко повредени во невремето во Сплит

08/07/2025  21:16

Две лица се тешко повредени во невремето кое денеска го зафати подрачјето на Сплит во Хрватска, соопшти сплитскиот клиничко-болнички центар, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што информира КБЦ Сплит, примени се вкупно 26 пациенти, а откако биле прегледани двајца се задржани на болничко лекување со тешки повреди, но не се животно загрозени, пренесе Хина.

Портпаролката на сплитскиот КБЦ, Кристина Битанга, додаде дека останатите се полесно повредени, а станува збор главно за исеченици, гребнатини, скршеници и нагмечувања.

Невреме проследено со град и силен ветер, го зафати утрово Сплит и околината, а градот кусо време остана без струја, додека на бројни објекти е причинета штета, особено на Пољуд и Диоклецијанската палата.