
Состојбата со пожарот во Општина Чучер Сандево е драматична и алармантна, но токму сплотеноста на граѓаните е таа што ја направи разликата во клучниот момент, изјави за 24 Инфо жителот Јовица Кукуновски, кој заедно со соселаните доброволно учествувал во гаснењето на огнената стихија.

„Мајка Македонија отсекогаш раѓала јунаци кои ќе ја чуваат и бранат во добро и во зло! Сега, секогаш и во вечни денови – АМИН!“, порача Кукуновски.

Тој сведочи дека жителите организирано, со раце и едноставна опрема, излегле да го спречат ширењето на огнот, кој се приближувал до куќите, природата, но и до еден од највредните локални објекти – манастирот во селото.

„Најбитно – манастирот го спасивме! Секоја чест за сите што сложно излегоа и се спротивставија на пожарот, со срце, волја и љубов кон својата земја“, истакна Кукуновски.
Иако дел од противпожарните екипи биле на терен, ветерот правел дополнителни проблеми и го отежнувал локализирањето на пожарот. Кукуновски вели дека државните служби реагирале навремено.