
Пишува: Проф. д-р. Иван Анастасовски
(ПРОГРЕСИВНИ НАСПРОТИ РЕТРОГРАДНИ СИЛИ)
Вчера бев многу, но навистина многу пријатно изненаден од Д Фестивал 2025 кој се одржа во општина Штип, како човек кој не е подджувач на актуелната политичка номенклатура, можам само да кажам едно големо браво за актулениот градоналачалик на општина Штип за целета организација на овој значаен музичко-културен настан кој имаше и хумана димензија за помош на семејствата на настраданите во пожарот во дискотека во општина Кочани. Лично јас присаствував со моето семејство на настанот на култниот реге музички бенд “Inner Circle“ кој потекнува од Јамајка од далечната 1968 година. Што би прокометирал за музичкиот правец наречен „Реге музика“ кој на почетокот, се користел за нешто несмасно, неуредно и на кој главен симбол е марихуаната, но со тек на време овој музички правец почува да добива ново значење, почнува да се однесува на нешто што доаѓа од луѓето од народот како што се секојдневни работи. Случки во гето, случки кај масите. Регето почна да зборува за вистински луѓе, луѓе кои страдаат. Луѓето што ги видов вчера на овој настан се луѓе кои се слодобни, растеретени, ослобедени од сите стеги, луѓе посветени на љубовта и на животот.
Токму тие луѓе ме поттикнаа да го напишам ова да ги искажам моите чувства (без оглед што многу ќе ме навредуват и “пцујат“) но тоа е што е. Ритамот на реге музиката ќе го спредам со ритамот на политиката кој владее на Балканот а со тоа и во нашата Македонија. На пример, една Хрватска членка на ЕУ а воедно дел од Балканот организра концерт на националистот и десничар Марко Перковиќ Томсон кој собира пола милион луѓе каде се манифестираат националитички пораки, што укажува дека национализмот живее длабоко на Балканот.
Национализмот на Балканот е сложен и често контроверзен феномен, кој има длабоки историски корени и големо влијание врз политичките, културните и етничките односи во регионот.
Национализмот е идеологија што го става нагласокот на националниот идентитет, културата, јазикот и интересите на една нација, често во однос на другите групи. На Балканот, ова често се поврзува со идејата за создавање или зачувување на “етнички чисти” држави. Да се потсетиме, а воедно и да не заборавиме кои беа последици од национализмот на Балканот: етнички конфликти Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, внатрешен етнички конфликт 2001 Македонија, масовни миграции и раселувања, етничко чистење и геноцид, политичка нестабилност и тешкотии во градење мултиетнички општества, затегнати меѓудржавни односи, особено помеѓу Србија со Хрватска и Косово, Македонија со Грција и Бугарија.
Национализам денес се уште има свои длабоки корени во некои земји, а воедно и силно политичко влијание како што се Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, дел Албанија и Македонија. Она што тие националистите не можат или не сакаат да разберат дека Европската Унија (таа што ја негираат) игра улога во обидите за надминување на етничките тензии преку регионална соработка.
Затоа сум сигурен дека национализмот на Балканот е длабоко вкоренет, но исто така е и извор на многу конфликти и поделби. Предизвикот на денешницата е како да се изгради заедничка иднина базирана на почитување, толеранција и соработка — без да се изгуби сопствениот културен и национален идентитет.
Да се навратам на вчерашниот концерт во Штип ние сите реге следачи без оглед кој од нив користел марихуана или испил неке пиво повеќе, но сите до еден бевме од правецот наречен прогресивци кои воедно се обидуваме да ги анулираме или да го намалиме значењето на ретроградни сили често се користат за да се опишат различни политички, општествени и културни движења или ставови во едно општество. Овие сили се особено видливи и важни на Балканот, каде историјата, национализмот и транзицијата кон демократија и ЕУ интеграции постојано создаваат напнатости меѓу старото (ретроградно) и новото (прогресивно), (повротно чувствувам “псовки“ од читателот)
Што е она што го карактеризира прогресивецот или прогресивни сили а тоа е нивната насоченост кон иднината (ниако назад кон минатото). Падот на прогресивците се должи на голамиот раст на национализмот во последните 30 или нешто повеќе години на Балкнот кој е облеан во конфликти и страдања. Главни карактеристики на нас прогерсивците е тоа што силно поддржуваме демократија, човекови права, еднаквост и владеење на правото. Насочени сме кон интеграција со ЕУ и НАТО (а не дезинтеграција), промовираме граѓански идентитет над етничкиот, се залагаме за модерни образовни, здравствени и социјални политики, поддржуваме реформи и иновации, а воедно бараме да се надминуваат етничките поделби преку соработка и дијалог. Она што е значајно за прогесивните сили тие не навлегуваат во комодитетот на другите тие се насочени кон својот развој и одржување на прогесивната идеја при тоа не загрозувајќи друг, за разлика од нас ретроградните сили секогаш ги загозуваат другите, шират омраза, дестабилизираат и секогаш надвалуваат над другите, а сето што вешто го прекриваат и за тоа обвинуваат други или со еден збор популисти се со цел да ги контролираат и управуваат животите на другите.
Ретроградни сили се секогаш насочени кон минатото и нивни главни карактеристики се да нагласуваат етнички или верски национализам, да ги идентификуваат и идеализираат старите времиња, се спротивставуваат на реформи, особено ако доаѓаат од ЕУ и САД, шират дезинформации, конспирации, антиевропска и антизападна реторика.
Судир меѓу прогресивните и ретроградните сили на Балканот се огледа во неколку сегменти и тоа: политички, борба меѓу реформски и националистички партии, образовни, дали да се учи критичко мислење или патриотизам со митови, културолошки, дали да се отвориме кон светот или да се затвориме во свои условно традиционални вредности, и во меѓуетничките односи, градење заедничко општество или разгорување на стари конфликти.
Балканот се наоѓа на крстопат помеѓу прогресивни сили кои ја гледаат иднината во соработка, демократија и отвореност, и ретроградни сили кои ја бараат стабилноста во митологизирано минато, етнички ексклузивитет и отпор кон промени. Изборот меѓу овие два правци често ја определува судбината на цели држави и генерации.
Во контекст на нашата држава Македонија, судирот меѓу прогресивните и ретроградните сили е особено видлив и важен, бидејќи земјата се наоѓа на кревка линија помеѓу желбата за европска интеграција и притисоците од националистичките и конзервативни кругови. Овој судир го обликува нејзиниот политички систем, меѓуетничките односи, образованието, медиумите и меѓународната политика.
Многу е тешко да се прецизира која политичка групација кој од овие правци ги претставува, политичките одлуки кои се носеа сите овие 30 години наназад укажуваат на тоа дека партиски еден дел не целиот систем на СДСМ може да се сврсти во прогресивни сили (повторувам еден дел) исто така либаралните сили (ако ги има се уште) и дел од албанските либарелни партии (многу малку), за разлика од партиски кај граѓански сектор се: невладини организации, младински активизам, и дел од академската заедница вклушувајќи ги тука и студентите, дел од медиуми и јавни личности кои се залагаат за демократија, критичко мислење и европски вредности.
За разлика од нив во делот на ретроградни сили во Македонија се политичките групации кои пред се застапуваат етнички национализам, често со антибугарска, антиалбанска, па и антизападна реторика, отпор кон реформи и страв од губење на идентитетот, поддршка на клиентелизам и статус во институциите. Тука пред се мислам на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, но во носење на одредни одлуки во текот на незјиното владеење од нешто повеќе од 15 години, поголем дел од конзервативни албански партии, медиуми што шират теории на заговор, антиевропска или проруска пропаганда, дури и делови на МПЦ или религиозни заедници што ја користат верата како политички инструмент.
Нашата држава Македонија се наоѓа во постојана борба помеѓу две визии за иднината од една страна прогресивната визија ја гледа државата како дел од модерна, европска заедница на вредности, со почит кон различностите и реформите, и од друга ретроградната визија сака да ја зацврсти нацијата во етнички ексклузивитет, минато полно со митови и отпор кон надворешни влијанија.
Падот на прогесивнит сили е видлив и разбирилв за овие проестори, но не знам од каде доаѓа тој енормен раст на ретроградните сили.
Сепак како што вели Гуру на реге музиката Боб Марли “One love, one life”, останувам посветен на прогесивната идеја за нашата Македонија да биде дел од развиениот според нас “прогесивните“ а негираниот според вас “ретроградните“ цивизлиран свет.