
Според најновите податоци презентирани од Институтот за статистика (ИНСТАТ), во текот на месец мај, Република Албанија била домаќин на 987 илјади туристи, што претставува пораст од 1,4 проценти во однос на истиот месец претходната година.
Вкупниот број на туристи за првите пет месеци од годинава достигна 3,4 милиони, што е за 100 илјади повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога земјата ја посетиле 3,3 милиони туристи, односно 38 отсто повеќе од истиот период во 2023 година.
Во мај 2025 година, 95 отсто од странските државјани што влегуваат во Албанија се од европскиот регион, при што Јужна Европа учествува со 72 отсто, по што следува Западна Европа со 14 отсто. Исто така, има значителен број и од Африка, Азија и Америка. Сепак, бранот туристи, кој започна на почетокот на оваа година, се намалил со влегувањето во екот на туристичката сезона.”
Институтот наведува дека “Од успешните јануари, февруари, март и април, растот во мај е побавен”. Според истиот извор, целта на влегувањето на странските државјани на албанска територија, во 98 отсто од случаите, е за лични потреби, каде што доминираат одморот и посетите на роднини. Исто така, има и странци кои доаѓаат поради бизнис, професионални и здравствени причини.
Од друга страна, албанските граѓани продолжиле да патуваат во странство, како за одмор, така и поради деловни обврски. “Во мај 689,145 албански државјани отпатувале надвор од Албанија, што претставува зголемување од 8,9 отсто во споредба со мај 2024 година”, стои во извештајот на Институтот.
Во текот на првите четири месеци од годинава, во Албанија престојувале 2,45 милиони туристи, за разлика од 2,33 милиони минатата година, односно 1,68 милиони туристи во 2023 година.