
На 29.06.2025 во 15.50 часот на патот Гостивар- Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(52) од с.Топлица, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф” со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.