Skip to main content
Хроника

Тешко повреден велосипедист во Охрид

30/06/2025  11:10

На 29.06.2025 во 12.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од улицата „Партизанска” со „Ванчо Николески” во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(22)  од селото Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од С.Ф.(59) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.