Skip to main content
Македонија

Африка повторно доаѓа во Македонија и регионот, температури до 40 степени!

30/06/2025  08:04

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес  и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.

Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.