Skip to main content
Македонија

Јаневска ќе дава отчет за работата на Министерството за образование и наука во изминатата година

29/06/2025  10:33

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во просториите на Министерството ќе одржи прес – конференција.

Како што соопштија од Министерството за образование и наука, Јаневска ќе информира за резултатите од работењето во изминатата година.

Министерката Јаневска порано оваа седмица на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!“ организирана по повод една година од оваа Влада, оцени дека во образованието изминатава година се постигнати видливи резултати, кои, рече, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот.

Образованието тргна од длабок минус, минимум квалитет и крајно незадоволителен. За жал, во изминатите седум години во образованието не беше направено ништо за тоа да се придвижи кон европскиот образовен простор. По една година имаме видливи резултати, кои ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа влада, истакна министерката за образование и наука.

Јаневска истакна дека целта е модернизација на образовниот систем преку негова дигитализација и воведување вештачка интелигенција во наставата за нашите ученици, нашите млади, да почнат да градат и да веруваат во вистински вредности, да се надградуваат себеси, да развиваат компетенции, вештини, способности и да ја сакаат државата, како и да може да излезат на пазарот на трудот дома и на глобално ниво.