Skip to main content
Балкан

Македонски возач уапсен по смртоносен судир кај Солун: Жртви татко и 13-годишен син

29/06/2025  00:08

Невидена семејна трагедија се случи попладнево на стариот магистрален пат Солун – Верија, кога патничко возило во кое патувало четиричлено семејство се судри со камион. Во несреќата животот го загубија татко и неговиот 13-годишен син.

Судирот се случил околу 16 часот, на делницата меѓу Халкидони и Лудија, при што под сè уште неразјаснети околности дошло до жесток фронтален удар помеѓу автомобилот и товарното возило. Според информациите, возачот на автомобилот, 44-годишен маж, починал на самото место, а неговиот 13-годишен син подлегнал на повредите кратко по несреќата.

Во возилото биле и 43-годишната сопруга и нивниот 9-годишен син, кои со тешки повреди се пренесени со амбулантно возило на итната медицинска служба ЕКАБ во солунската болница „Гениматас“.

Фотографиите од местото на несреќата, објавени од грчкиот портал protothema.gr, сведочат за разурнувањето на автомобилот, кој е целосно деформиран од силата на ударот.

Грчката полиција го истражува случајот, а причините за трагичната несреќа сè уште се утврдуваат.