Skip to main content
Македонија

Во моментов силни врнежи од дожд во Гостивар, Тетово и западните делови од Скопје

27/06/2025  16:24

Се забележуваат области со интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, ова укажува на присуство на активна конвективна облачност со силен дожд, а можеби и град, забалежува УХМР.

Силен дожд и грмотевици се забележуваат и во западниот дел на Скопје, во населбите Влае, Ѓорче Петров и Сарај.

Радарската слика покажува активна атмосферска ситуација над западниот и централниот дел на Македонија, со присуство на силни врнежи, грмежи и наместа можна појава на град.