Skip to main content
Скопје

(Видео) Во тек е изградба на целосно нов објект на градинката „Мајски цвет“

27/06/2025  13:48

По повеќе од шеесет години, стариот објект на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе кој беше од дрвена конструкција, се заменува со нов еколошки, енергетски ефикасен, асеизмички отпорен и сместувачки објект за најмалите карпошани по сите европски стандарди.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски утрово беше на терен на увид на целиот процес.

Истовремено, тој ги задолжи општинските служби да внимаваат со искористливите елементи од стариот објект и истите безбедно да се префрлат во општински простории, со цел да не бидат уништени или украдени, туку да можат да се користат и во иднина.

„Станува збор за инвестиција од 108 милиони денари со вклучен ДДВ и морам да нагласам дека сум исклучително задоволен, што токму најмалите жители на населбата Тафталиџе 1, ќе бидат згрижувани и воспитувани во нов модерен објект од цврста градба, изграден по сите предвидени стандарди за ваков тип на објекти. Во договор со фирмата „Сандра Инженеринг“, е предвидено со банкарска гаранција , новата градинка да биде изградена за деведесет денови, со што практично наесен, дечињата од оваа урбана заедница ќе се вратат во новоизградената градинка, во една покомфорна средина со сите потребни реквизити и дидактички материјали, потребни за нивниот детски психофизички развој“, потенцираше Јакимовски.