
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,
Измина една година од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа прва година, наш главен фокус и приоритет беше економијата, која се базира на факти, долгорочни политики и јасна визија за иднината.
Кога ја презедовме одговорноста, наследивме економија во пад, со висока инфлација, зголемен јавен долг и демотивирана деловна заедница. Денес, состојбата е поинаква. Економијата почна да заздравува и да се стабилизира.
Инфлацијата е ставена под контрола изнесува околу 3%. Обезбедивме финансиска поддршка од 500 милиони евра – 250 милиони евра за домашните компании и 250 милиони евра за општините, за реализација на капитални проекти и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Во првиот квартал од оваа година, БДП порасна за 3,2%. Според овие податоци, Македонија се наоѓа на 4-то место во Европа според растот на БДП – веднаш зад Ирска, Данска и Полска.
Исто така, оваа година забележавме рекордно ниво на странски директни инвестиции, 1 милијарда и 255 милиони евра. Платите растат. Забележливо е зголемување на платите во јавната администрација, здравството, образованието, културата и полицијата.
Ја стабилизиравме и фискалната состојба. Целосно е отплатена еврообврзницата издадена во 2018 година во вредност од 500 милиони евра. Првпат по седум години, јавниот долг е намален. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП.
Почитувани,
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање на силна, стабилна и конкурентна економија. Продолжуваме со мерки и проекти што носат резултати, развој и подобар живот за сите граѓани.
Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.