
На 26.06.2025 во 09.30 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, патничко возило „шкода” со српски национални ознаки, управувано од Т.П.(56) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П.(61), а со телесни повреди се здобила Т.П. и 17-годишен сопатник, сите од Р.Србија, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Неготино.