
По одигрувањето на завршното коло синоќа во Групата Х, познати се сите 16 учесници и осумте осминафинални парови на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД.

Четири бразилски клубови, Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе, се квалификуваа во осминафиналето, во кое место изборија и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бенфика, Јувентус, Интер, Монтереј, Манчестер Сити, Челзи, ПСЖ, Ал Хилал и Интер Мајами.
28 јуни
Палмеирас – Ботафого
Бенфика – Челзи
29 јуни:
ПСЖ – Интер Мајами
Фламенго – Баерн Минхен
30 јуни:
Интер – Флуминенсе
Манчестер Сити – Ал Хилал
1 јули:
Реал Мадрид – Јувентус
Борусија Дортмунд – Монтереј.