Skip to main content
Свет

За 24 часа во Газа загинаа 79 Палестинци

26/06/2025  21:39

Во последните 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинале најмалку 79 лица, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу загинатите се и 33 лица кои биле погодени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош.

Палестински сведоци тврдат дека израелските сили редовно отвораат оган врз цивили кои се приближуваат до пунктовите за храна.

Израелската армија, пак, соопшти дека станува збор за предупредувачки истрели кон лица кои се приближувале „на сомнителен начин“.

Во меѓувреме, израелската армија потврди дека во вторникот седум нејзини војници загинале при експлозија на импровизирана направа поставена на оклопно возило.