
Топлотниот бран, поради кој е на сила црвена временска тревога во поголемиот дел од земјата, продолжува да „пржи“ во Србија. Во текот на попладнето, на еден од мерачите во строгиот центар на Чачак беа измерени неверојатни 46 степени, јавуваат српските медиуми.

Како што може да се види на фотографијата, која ја сподели Рина на својот Инстаграм профил, овој град наликува на „град на духови“, бидејќи на улиците нема жива душа поради екстремната топлина.
– Сосема обичен тропски ден во Чачак – напишано е во описот на фотографиите на кои можете да го видите мерачот што покажува 46 степени.
Белград е еден од најтоплите градови во Европа
За потсетување, на светската мапа на максимални температури за денес, може да се види дека Белград, заедно со Будимпешта и Букурешт, ќе биде најжешкиот град во Европа, по Атина.
РХМЗ издаде предупредување за многу високи температури за подрачјето на Србија и Белград. Во Србија, максималната температура ќе се движи од 36 до 39 степени, додека во Белград максималната ќе достигне 38 степени.
Според соопштението на RHMZ, денес ќе биде претежно сончево и многу топло. Ветерот е слаб и променлив, на истокот од Србија слаб и умерен од запад и северозапад. Највисоката температура е од 36 до 39 степени.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северните региони, минливи облаци, повремено со врнежи од дожд и грмотевици со засилен северозападен ветер.