
Црвениот крст на град Скопје подготви акционен план кој опфаќа теренски активности во насока на справување со топлински бранови. Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето.

За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 15 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 5 возила кои ќе патролират низ градот.
За наредните денови- среда (25.06) , четврток (26.06) и петок (27.06) планирано е пет мобилни тимови да излезат на терен и тоа во периодот од 11:00-16:00 часот и да патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки. Активостите ќе продолжат согласно прогнозите за високите температури.
Планот ја опфаќа и грижата за здравствената и психо-физичката состојба на бездомниците во градот Скопје. Во пунктот за бездомници во Момин Поток на располагање ќе биде мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.