
Летните горештини можат да бидат предизвик за цвеќето и собните растенија во вашиот дом, бидејќи интензивното сонце, високите температури и сувиот воздух бараат повеќе внимание и прилагодена нега. Затоа е важно соодветно да ги одржувате вашите растенија здрави и бујни во текот на целото лето.
Така, цвеќето треба редовно да се полева, особено рано наутро или доцна навечер кога сонцето не е силно. На тој начин се спречува испарувањето на водата, а коренот има повеќе време да ја впие влагата.
Исто така, одредени растенија не поднесуваат директно попладневно сонце, дури и ако сакаат топлина. Затоа се советува да ги преместите во полусенка или да користите ткаенини за да ги заштитите од изгореници и сушење.
Поради честото полевање, хранливите материи брзо се испираат од земјата. Затоа еднаш неделно додавајте течно ѓубриво прилагодено на растенијата за да им обезбедите сила за пообилно цветање.
Отстранувањето на овенатите делови од растенијата спречува да се троши енергија на нивното одржување. Со тоа го поттикнувате развојот на нови пупки и го одржувате цветот уреден и витален.
Густите групи растенија ја задржуваат влагата и топлината, што придонесува за развој на болести. Се советува да оставите доволно простор меѓу саксиите за да може воздухот да циркулира и да се спречи појава на мувла.