Skip to main content
Хроника

Скопјанка претепана од партнерот во апартман во Грција

20/06/2025  15:00

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на 36-годишниот Д.Т. кој бил нејзин партнер.

Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.