Skip to main content
Македонија

Палевски: Видевски пукаше, Манев е организатор, а Кешишев стражар на двете убиства

20/06/2025  14:27

Првообвинетиот Љупчо Палевски во завршните зборови рече дека е обвинет без докази и оти не му било дадено доволно време да ја подготвува својата одбрана.

Нема трага дека сум пристутен на две места на грабнување и убиства и во две возила, рече Палевски.

Според него, има докази за фалсификат во доказите од Телеком и оти само кај него има празна табела.

Планот на ОЈО е-доаѓам, убивам, пари не барам, рече Палевски пред судот.

Тој смета дека ОЈО направило обвинение без ниту еден доказ и вештачен телефон.

Мојот исказ е ист од будење до легнување за разлика од исказите на Кешишев и Манев,вели Палевски.

Нема мои траги во кангуто. Како е можно да има траги од другите обвинети само нема од мене? праша Палчо, како и тоа траги од пневатиците од возилото не одговараат со земјата во месноста “дупки”.

Кој и зошто ја убил Вања патот е преку Велес, вели Палевски.

Никој не бараше пиштол со кој се извршени две убиства, освен јас и мојата одбрана, посочи Палевски.

На Гаврил Бубевски и инпекторот Диимовски ќе биде вештачен и со десет пресуди-најави првообвинетиот Палевски.

Тој рече дека само тој не учестувал во двете убиства.

Видевски пукаше, Кешишев е стражар, а Манев е организатор, рече за прв пат Палевски.