
Читатели на 24инфо.мк испратија видео на кое се гледа дека рампите за влез и излез на паркингот кај Дом на градежници се постојано кренати.
Ова паркиралипте под надлежност на ЈП Паркинзи Општина Центар е од затворен тип, што значи дека на овој паркинг паркираат жителите кои таму живеат.
Но сега, поради ваквата ситуација се паркира кој стигне, па станарите на околните згради иако редовно плаќаат, тешко наоѓаат паркинг место, а често пати вртат и со часови за да успеат да се паркираат.

Дел од станарите пак, стравуваат за општата, но и за безбедноста на своите автомобили.