
Општина Бутел објави Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија, сподели градоначалникот Дарко Костовски.
Јавниот повик е отворен од 19.06.2025 до 03.07.2025 година.
Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.
Право на финансиска поддршка ќе остварат:
– Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел;
Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 18.192 денари.
Исплатата ќе биде на принцип “прв дојден – прв услужен”.