Skip to main content
Скопје

Николоски: Градски воз, еколошки автобуси и трамвај, три клучни проекти на кои работиме за Скопје

20/06/2025  09:43

Градски воз, замена на автобусите и трамвај, се трите проекти кои му се неопходни на Скопје за значително подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот, ова го потенцираше вицепремиерот  и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во “Само Интервју”.

-На помалата верзија за проектот градски воз работиме со сопствени средства, а подолгата верзија влегува во овој така наречен “британски проект”. Значи дел од брзата пруга ќе е и големата верзија на градски воз во Скопје. Во однос на вториот проект, замена на автобусите, еве ексклузивно да кажам, излезе повикот за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои што 80 ќе бидат за Скопје. И третата работа која што му треба на Скопје е дефинитивно трамвај. Ги направивме ли овие три работи, мислам дека најголем дел од загадувањето од возилата ќе се намали. Вториот е со загревањето, за тоа премиерот веќе најави една поамбициозна агенда, каде што ќе се обидеме да донесеме парно греење до најголем дел од домаќинствата, истакна Николоски.