Skip to main content
Скопје

Арсовска обвинува за хаосот во Комунална хигиена

18/06/2025  10:00

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска утрово во нов пост на социјалната мрежа Фејсбук обвини дека Комунална хигиена под раководство на Јулијана Спировска е во тотален хаос.

“Ако се прашувате зошто со месеци и години имате проблеми со собирање на комуналниот отпад низ Скопје, одговорот е поради Јулијана Спировска од ВМРО, која од судот во Република Македонија е осуден криминалец, а во исто време е претседател на Управниот одбор на Комунална хигиена избрана да раководи од ВМРО и Влен.

Со партиски инструираната работа на Јулијана како претседател на УО на Комунална хигиена Скопје документирана во записници со содржина, насоки и заклучоци, претпријатието под нејзино водство е хаос!

На госпоѓата која е со правосилна судска пресуда ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ, работите никако да и тргнат од рака да ги тера по пропис, па за денес во 13 часот закажала ТАЈНА ЗАТВОРЕНА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР.

Госпоѓо Јулијана, согласно правните акти и член 3 од Деловникот согласно кои ти си ДОЛЖНА да работиш, седниците на Управниот одбор на JП КХС се ЈАВНИ.

На седницата може да присуствуваат претставници на средствата за јавно информирање и да jа известуваат јавноста за работата, што и се надевам дека ќе го направат за да може да видат што си правела 3,5 години, а и за пресудата да можат да те прашаат како осуден криминалец уште има образ да носи јавна функција!

Директно го кршиш член 13 со тоа што Предлогот на дневниот ред треба да го утврдиш во соработка со директорот на JП КХС, а ти си тераш сама по насоки од штаб.

Директно го кршиш член 14 со тоа што материјалот со поканата за седницата на Управниот одбор не ги доставуваш на Директорот, Заменикот и раководните работници со посебни овластувана и одговорности, зошто сакаш во ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ да тераш ТАЈНИ СЕДНИЦИ, за да го доупропастиш претпријатието со кое УПРАВУВАШ!

Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана!“,