Skip to main content
Спорт

Босна се откажа од настап во АБА лигата

17/06/2025  11:57

Победникот во АБА 2 лигата, кошаркарскиот клуб Босна, објави вечерва дека се повлекува од натпреварувањето во највисокиот ранг во регионалното кошаркарско натпреварување.

Како причини за откажувањето, клубот од Сараево ги наведе неможноста да обезбеди соодветна сала за одигрување натпревари, како и неизвесноста поврзана со финансиската стабилност.

Поранешниот европски шампион прецизираше дека следната сезона нема да учествува ниту во АБА 2 лигата.

Засега не е познато кој клуб ќе го заземе местото на Босна во АБА лигата.