Skip to main content
Балкан

Турското претседателство го осуди нападот на Израел врз Иранската државна телевизија нарекувајќи го „варварски“

17/06/2025  11:36

Раководителот на директоратот за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун го осуди нападот на Израел врз зградата на Иранската државна телевизија нарекувајќи го „варварски“ во објава на платформата за социјални медиуми Икс.

„Нападот врз новинарите е варварски. Овој напад нема никаква правна основа и не може да се оправда“, напиша Алтун, нагласувајќи дека „Турција остро го осудува нападот на Израел“.

Во својата објава, Алтун ја повика меѓународната заедница да преземе дејствија против „агресијата и лудилото на Израел“, за кои рече дека го запалиле „целиот регион“.

Израел во петокот нападна ирански нуклеарни и воени објекти, убивајќи високи команданти и водечки научници од земјата. Нападите оттогаш продолжуваат, а Иран, исто така, возвраќа со напади.