Skip to main content
Македонија

Судскиот совет донел одлука за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити

07/11/2024  14:05

Судскиот совет на последната седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, иницијатива која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, неофицијално дознава Алсат М.

Судскиот совет на денешната седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, иницијатива која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, државјанин на Косово, Блерим Рамадани, неофицијално дознава Алсат М.

Првата иницијатива за утврдување одговорност кај судијата Пајазити беше отфрлена од советот поради немање доволно докази. Одлуката е донесена на затворена седница и без присуство на новинари.