Skip to main content
Хроника

40-годишна жена мислела дека аплицира за работа, доставените лични податоци и ги искористиле за подигање на брзи кредити во нејзино име

07/06/2025  14:28

Вчера 40-годишна штипјанка пријавила дека била измамена за 95.000 денари откако кон почетокот на мај годинава, онлајн стапила во контакт со лице и се договорила да работи за странска компанија, по што откако испратила лични податоци и фотографија, во неколку наврати во нејзино име било аплицирано за брзи кредити.

„На 06.06.2025 во 12.00 часот во СВР Штип, 40 – годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 95.000 денари. Според пријавеното, таа стапила во контакт со лицето на социјална мрежа на почетокот на мај 2025 година и притоа се договориле да работи онлајн за странска компанија. Како што е пријавено, таа на лицето му испратила фотографии од нејзината лична карта, здравствена легитимација и од нејзината банкарска картичка, по што во наредниот период во неколку наврати во нејзино име било аплицирано за брзи кредити во финансиски друштва, а за пристигнатите пари на нејзина сметка ѝ било кажувано дека по грешка се пуштени и на негово барање ги вадела парите и ги враќала.

Исто така, според пријавеното, откако на 04.06.2025 добила телефонски повик од финансиско друштво дека има доспеана рата за кредит сфатила дека била измамена“ стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.