Skip to main content
Хроника

Скопјанка нападната и ограбена во Аеродром

07/06/2025  14:10

Синоќа во Полициската станица Аеродром скопјанка пријавила дека на подрачјето на Аеродром едно лице ја ограбило со примена на сила, при што и биле одземени пари.

„На 06.06.2025 во 22.45 часот во Полициската станица Аеродром, С.Т.(29) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачје од општина Аеродром во Скопје, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело пари“, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.