Skip to main content
Хроника

Жител на неготинско Пепелиште пријавил напад од три лица во неговиот дом

07/06/2025  13:20

Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М.(27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д.(27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при што бил удрен и со стаклен предмет.
Според пријавеното, тој побегнал во домот на неговите родители, каде што дошле лицата и физички ги нападнале неговите родители и неговата баба, а ја оштетиле и влезната врата од куќата.

Од СВР Велес додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.