Skip to main content
Хроника

Уапсен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци

07/06/2025  10:50

На 06.06.2025 во 11.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.М.(36) од Штип. Тој бил баран по централна поерница врз основа на судска наредба за доиздржување казна затвор од 11 години и 8 месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236, член 382, член 383, член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.