
Веб-страницата „Грција инфо“ ги објави цените на намирниците во Грција во 2025 година за кои може веднаш да се забележи дека го следат трендот во Европа и се малку повисоки од претходните години.
Посочуваат и дека цените на храната, намирниците и разните производи и услуги варираат од место до место, од остров до остров.
Секако, списокот со приближни цени што го објавија во пресрет на летната сезона може да ви помогне во планирањето на вашиот буџет.
Цените во кафулињата и во рестораните (изразени во евра):
Гиро пита (сендвич) 3 – 4.50
Порција гиро 7 – 10
Пита со сувлаки 3 – 4
Оброци во поевтини ресторани 15 – 20
Оброци во поскапи ресторани 30-50
Пица 6 – 12
Скара 6 – 14
Риба 8 – 60
Лигњи на скара 15
Пржени тиквички 6 – 7
Помфрит 5 – 6
Салати 5 – 8
Цезар салата со пилешко 10 – 11
Фета со мед и сусам 6 – 8
Мусака 10 – 11
Домашно пиво 4,50 – 5
Странско пиво 5 – 6
Сокови 3 – 5,5
Вино 2.5 – 22
Кафе фрапе 3 – 4
Капучино 4 – 4,50
Милкшејк 5 – 6
Коктели 8 – 15
Жестоки пијалоци 2 – 6
Шише вода (0,33л) 0,5 – 1,30