Министерството за енергетика вчера го објави списокот на локации каде ќе може да се подигнат ваучерите. Во речиси сите места тие ќе се доделуваат во Центрите за вработување, освен во Битола, каде што пунктот е сместен во Спортската сала „Боро Чурлевски“.
Во Скопје пунктот е сместен во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Листата на општини со локација и време за подигнување на потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди може да се најде на следниот ЛИНК.
Од истата интеренет страница има и линкови до списоците за лицата кои што се квалификувале за добивање ваучери за инвертер клима уреди.
Од Министерството за енергетика посочуваат дека сите подносители на барања кои ги нема на списоците се недобитни поради исцрпување на средствата предвидени за спроведување на овие програми, некомплетна документација, надминување на временски зададениот рок за поднесување на барање.