Skip to main content
Македонија

Собрани докази за Штекли: Кокаин се закопувал на државно земјиште за да се скрие, багеристи добивале закани

27/05/2025  15:44

Собрани се сите докази за групата која ја предводел Раде Трајковски-Штекли, која според Обвинителството за гонење организиран криминал, броела 17 членови. Сите се гонат за трговија со кокаин и марихуана, која се криела и во бункери под земја, направени на државно земјиште. Досега, седум членови на групата признале вина и се спогодиле со Обвинителството, па добиле по 3-4 години затвор, од максимални пет кои можеле да им бидат изречени. Воглавно, тие кои се спогодиле биле препродавачи, фатени со мали количини. Но, додека да се стигне до дрогата, закани имало од повеќе страни. Обвинителството откри дека дрогата се продавала преку интернет, но и по ресторани. Една од локациите е Аеродром.

Биле заплашувани и багеристите од општина кои требало да го откопуваат теренот“, рекоа од ОЈО-ГОКК.

Штекли, според Обвинителството, бил уапсен по сознанијата дека се спрема за бегство. Кај него, биле направени претреси, но пред да влезе полицијата, според Обвинителството, тој отстранува сѐ што е криминално од домот. Но, видео надзорот го разоткрил.

„Кај него имаше претреси, а беа најдени само остатоци. Од видео надзорот се потврди како ги отстранува тие цели коцки, од кои две беа најдени во стан, три во специјална направа во бункерот“, додаваат од Обвинителството.

Некои од групата се бранат со молчење, други одрекуваат дека сториле нешто, а дел се спогодиле. Спогодба му била понудена и на Штекли, но тој не ја прифатил со оглед на понудената затворска казна. По прифаќање на обвинението, нему ќе му се суди во Кривичниот суд.