
ОЈО поднесе обвинение за Беланоца-Барон и уште една криминална група.
Поради пцовки и навреди, за превласт во криминалните групи од подземјето или одмазда за предавство, две криминални групи, од кои едната Беланоца-Барон, извршиле девет убиства. Нарачките за ликвидација биле правени со невидена леснотија, а егзекуциите биле безмилосни.
Ова го откриле од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, од каде што поднесоа обвинение за овие криминални групи. Првата група броела девет членови, а втората пет.
Предметот бил работен повеќе од една година, заедно со истражители од МВР. Тие, изминатите месеци им биле зад петици на криминалните банди, кои ги прислушувале и следеле со посебни истражни мерки.
-Овие криминални групи биле навлезени во секој сегмент од нашиот живот, поради што имаше многу придизвици при прибирањето на доказите. Дел од убиствата и другите кривични дела биле нарачувани и организирани од осуденици кои веќе биле во затворските установи. Првата група нарачува 4 убиства, од кои едно е двојно, а мотивите се најразлични. Втората група има други три убиства, од кои едно е двојно. Една од „метите“ успеала да преживее, а успеал и да препознае двајца од егзукаторите, по што планирале да го докрајчат, брифираат детали од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Едно од убиствата е поврзано и со случајот со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. Поточно нарачателот побарал да се убие жртвата бидејќи наводно предал двајца од осудените за случајот „Монструм“, од кои едниот е во Косово, а другиот зад решетки во „Идризово“. Покрај одбраните мети за ликвидација, имало и две случајни жртви, кои биле колатерална штета.