Skip to main content
Хроника

Скопјанец нападнат од бившата и нејзин роднина во социјална установа

27/05/2025  14:09

Скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од поранешната партнерка и нејзин роднина во социјална установа.

Како што известија од полицијата, вчера во 18.30 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка А.Д.(35), а исто така и нејзин родина Б.„Н“ со остар предмет му се заканувал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.